Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос преку социјалните мрежи упати критики до Новак Ѓоковиќ и организаторите на тенискиот турнир „Адрија Тур“.
Како што стојат работите овој турнир ќе донесе нов бран на заразени на Балканот откако во текот на вчерашниот ден позитивен беше Григор Димитров, а денес позитивни испаднаа и Борна Чориќ и уште двајца други тениски работници од тимовите на Димитров и Ѓоковиќ.
По овие информации свој коментар даде и Ник Кирјос кој во свој стил и без влакна на јазикот напиша дека одлуката за одржувањето на егизбицискиот турнир била кретенска.
„Кретенска одлука да се пордолжи со турнирот. МОмци, ви посакувам брзо опоравување, но тоа се случува кога не се придржувате на правилата. Луѓе, ова не е шега“ –напиша прво Кирјос, а потоа со ироничен коментар ги поздрави организаторите кои донесоа одлука да не се одигра финалето.
„Честитам, какви лидер“ –кратко напиша Кирјос објавувајќи фотографија од Иванишевиќ и Ѓорѓе Ѓоковиќ.