Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓
Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос со години беше главен критичар на Новак Ѓоковиќ, но овој пат застана на страна на неговиот колега.
По Ју-Ес Опен, Ѓоковиќ доби критики затоа што ја копирал прославата на талентираниот Бен Шелтон, а Кирјос смета дека тоа е нормално.
„Спортот е забава. Ние не сме роботи. Луѓето повеќе зборуваат за прославата, отколку за натпреварот“, напиша Кирјос.
Ѓоковиќ со триумфот на Ју-Ес Опен стигна до 24 гренслем-титули во кариерата.