Кјелини без „влакна на јазикот“: Ќе беше добро ако Роналдо си заминеше порано!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо повторно беше херој на Манчестер јунајтед, откако постигна гол за победа против Аталанта од 3-2 во Лигата на шампиони (ЛШ).

Роналдо го напушти Јувентус на крајот на преодниот рок, а капитенот на италијанскиот гигант, Џорџо Кјелини вели дека ќе било најдобро ако Португалецот си заминел порано од екипата.

„Роналдо нѐ напушти на 28 август, но мислам дека ќе беше подобар ако си заминеше порано. Поради неговото заминување екипата беше во шок во првите натпреварите и изгубивме важни бодови. Во случај да заминеше порано сигурно дека ќе бевме подобри подготвени во првите натпревари“, изјави Кјелини.

Јувентус имаше проблеми на стартот на Серија А, но полека почна да фаќа ритам, а тоа го покажа и во ЛШ.