Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ го најави своето враќање во Шпанија.
Шведскиот напаѓач на видеото објавено на Инстаграм изјави дека ќе се врати во шпанската дивизија.
„Здраво Шпанија. Погодете што? Се враќам назад“, најави 38-годишниот напаѓач.
Веднаш започнаа шпекулациите каде ќе замине Ибра. Ако се водиме според кладилниците, главниот фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид.
Јорганџиите се најголеми фаворити за потписот на Златан Ибрахимовиќ и нема да биде чудно ако Ибра од јануари го видиме во дресот на овој тим.
Ибрахимовиќ минатите две години играше за ЛА Галакси во МЛС, а во Шпанија се натпреваруваше во сезоната 2009/2010 кога играше во дресот на Барселона.
Во неговата богата кариера тој има дебитирано за Малме, Ајакс, Јувентус, Милан, Интер, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.