„Класичен Меси! Тоа е болно, не сакаше да зборува со него и да му ја додава топката“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лионел Меси е без сомнеж еден од најголемите фудбалери во историјата, а некои ќе кажат и најдобар, но постои и друга страна на неговата личност.

Со години се шпекулира дека тој е главен во Барселона, па често одредува кој ќе биде тренер, кои фудбалери ќе заминат или ќе дојдат во тимот, а кога нема да му исполнат некоја желба, тој се заканува со трансфер.

Веќе долго време Меси не е задоволен со трансфер потезите на Барселона, а посебно се изнервира кога го купија Антоан Гризман, кој не му се допаѓал како фудбалер.

„Барселона е болна. Кога дојде во клубот, Меси не сакаше да зборува со него, ниту му ја додаваше топката. Тоа остави голема трага. Беше очигледно, сега и претседателот Бартомеу си замина, клубот прими осум голови од Баерн, се променија тројца тренери… Условите не се добри“, кажа поранешниот агент на Гризман, Ерик Олхатс.