Клаудио Раниери пред нов ангажман: Го спасува великанот од елиминација?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот стручњак спремен е да се врати во француската Лига 1.

Сент Етејн оваа сезона не стои најдобро и спремни се на промени, а како можен нов тренер на овој тим се наведува Клаудио Раниери.

Италијанскиот стручњак би требало да дојде да го гаси пожарот бидејќи е препознатлив по тоа што кај и да отиде го спасува секој тим од елиминација.

Во Лестер имаше сличен мотив, а на крајот таму ја донесе сензационалната титула на шампион на Англија.

Во Франција ги има водено Нант и Монако, а ја тренираше и Рома во Италија. Неговото потенцијално  доаѓање во Сент Етејн израдува многу навивачи и тој би можел да биде клучен во спасување на тимот кога тој е пред елиминација.

Сент Етејн после седум кола е на претпоследното место во Лига 1 со само пет бодови, а пред два дена беше поразен од Мец со резултат од 1:0.