Клаузулата за Пеп ќе експолдира како бомба, Сити и Арсенал со нови менаџери!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што можеме да забележиме работите се расплетуваат, па така наредното лето со сигурност ќе гледаме нови лица и многу промени…

Изгледа дека работите не се одвиваат многу брзо.

Како што откриваат англиските медиуми, Пеп Гвардиола има клаузула во договорот, на крајот од сезоната може да го напушти Сити. Наводно, Шпанецот тоа и ќе го направи, можно е повторно да земе одмор од година дена пред новите предизвици. Јувентус веќе ја спрема својата понуда, многумина тврдат дека Сари е само минливо решение, односно дека е ангажиран како совет кој го добиле од Пеп.

Од друга страна, Гвадриола можно е да остане без помошник, Арсенал е се поблиску до одлуката дали на Артета да му понуди повеќегодишен договор и на тој начин да му пружи гаранција дали сериозно можат да сметаат на неговиот проект.

Според тврдењато на „Мирор“ сето тоа води кон ново решение за клупата на Сити, Маурицио Покетино. Аргентинецот само треба да остане трпелив, да ги одбие понудите кои моментално ги има за на лето да може да го превземе кормилото на клупата на „Граѓаните“.

Јасно, сето ова треба да се земе како резерва, Гвардиола рече дека ќе остане доколку не добие отказ до крајот на договорот, но исто така кажа и дека не сака да го продолжи. Заминувањето на Артета можно е да ја забрза неговата одлука, многумина ги изненади констатацијата на Сити дека не е доволно добар за да се мери со најдобрите тимови во Европа, шпанските великани, Баерн, Јувентус…

Во секој случај, летово можно е да се случат многу промени во Манчестер Сити, а влезот на свеж капитал во клубот дава подлога за нова играчка револуција…