Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот светски шампион во бокс и градоначалник на Киев, Витали Кличко очекува повеќе сојузници како помош во можната војна со Русија.
Тензиите во Украина растат секој ден, а судирот со Русија изгледа неизбежен, па секоја помош и поддршка за државата е вредна.
Бившиот боксер, кој се ангажираше за ситуацијата, е најмногу разочаран од Германија, која на Украинците им испрати 5.000 војнички шлемови.
Киев остро го критикуваше Берлин поради нивниот потег, а Кличко ова го нарече шега и праша што следно ќе им испратат како помош од Германија.
„Однесувањето на германската влада ме остава без текст. Министерката за одбрана на Германија веројатно не разбира со што се соочуваме и дека руската војска е врвно опремена. Што ќе ни испратат следен пат од Берлин? Перници?“, праша Кличко.