Кличко мирно зборуваше како елиминирале Руси и предизвика бура!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интервјуто на Витали Кличко за британски „Скај Њуз“ привлече големо внимание, и тоа седум дена откако всушност беше снимено.

Никој не очекуваше дека ќе го види градоначалникот на Киев како мирно зборува за елиминирање на Руси.

„За нас безбедноста на нашите луѓе е главен приоритет. Но, исто така, се обидуваме да ги уловиме напаѓачите. Имаме многу снајперисти на пат, па никој не би сакал да излезе надвор“, кажа Кличко.

Потоа поранешниот боксер зборуваше за елиминирањето на дел од руските воени трупи.

„Синоќа елиминиравме шест Руси. Не се грижам за нивната војска, ние сме подготвени да се бориме. Ние го браниме своето семејство, својата земја, град и иднина“, вели Украинецот.

Претходно во медиумите се појави информација дека тој се наоѓа на црната листа на Владимир Путин, кој пратил 400 платеници за да го елиминираат.