Клиперс доведе засилување од Лејкерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Клиперс доведе крилен центар.

1-годишен договор потпиша Брендон Бас кој минатата сезона ја помина во Лејкерс.

Бас имаше понуда од Сан Антонио Спарс, но ги избра Клиперс поради тренерот Док Риверс со кој соработуваше во Бостон.

Клиперс го задржа стартниот состав од минатата сезона, а ги продолжија договорите со Крофорд, Риверс, Џонсон и ја засилија конкуренцијата со Спејтс од Голден Стејт и Бас од Лејкерс.

Бас има 31 година, 11 години е во НБА, а освен за Бостон финалето на истокот го играше и со Орландо.