Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа Денвер Нагетс со резултат 117:83 во ноќта помината зад нас.
Третиот натпревар од плејоф серијата на првата рунда помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс им припадна на момците од Калифорнија кои во “Интуит Домот” го разбиваа противникот со 34 разлика!
Во овој убедлив пораз видовме трипл-дабл на Никола Јокиќ со 23 поени и по 13 скокови и асистенции, а 23 поени имаше и Џамал Мареј, додека двоцифрен беше само уште Арон Гордон со 15 поени и 7 скокови.
Што се однесува до Клиперсите, српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ имаше 2 поени, 1 скок и 3 асистенции и повторно одигра слабо.
Нив ги предводеше одличниот Кавај Ленард со 21 поен, 11 скокови и 6 асистенции, Џејмс Харден имаше 20 поени, 6 скокови и 9 асистенции, а 20 поени додаде и Норман Пауел, додека 19 и 9 скокови беше учинокот на Ивица Зубац, 12 на Николас Батум и 10 на Дерик Џонс.
Фото: Принтскрин