Клоп: Да ми го направеа тоа што му го направија на тренерот на Салцбург, ќе си заминев од Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На натпреварот помеѓу Ливерпул и Ред Бул Салцбург протече снимка на која тренерот на швајцарскиот тим ги мотивираше своите играчи на полувремето на натпреварот.

По говорот на искусниот тренер клубот од Австрија заигра многу подобро и стигна до 3:3, но на крајот не успеа да забележи позитивен резултат.

По ваквите случувања со коментар се јави и Јирген Клоп кој истакна дека доколку него му протечела снимка од разговор со фудбалерите веднаш ќе си поднесел оставка.

„Од Ливерпул да ме снимаа во таква ситуација, веднаш би заминал од клубот“ –кратко одговори Клоп.