Клоп дал зелено светло, ќе се врати ли Кутињо во Ливерпу: Се зависи од една работа…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп наводно дал зелено светло за идејата клубот да се обиде да го врати Фелипе Кутињо во своите редови.

Бразилецот си замина од Ливерпул и потпиша со Барселона во зимскиот преоден рок 2018 година. Тогаш Кутињо како големо засилување пристигна во Каталонија за 142 милиони фунти.

Сепак откако не ги исполни очекувањата беше пратен на позајмица во Баерн Минхен, каде исто така не задоволува најмногу, па од Барселона веќе разгледуваат опција да го продадат за многу пониска цена од таа што го купија.

Наводно, шпанскиот клуб е подготвен да го продаде Кутињо за 80 милиони фунти што е речиси двојно помалку од тоа што го купија.

Засега примарна трансфер цел за Ливерпул останува Каи Хаверц, па доколку не се реализира овој трансфер, Клоп речиси сигурно ќе тргне по Кутињо.