Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Многу познати фудбалски личности се присутни на Светското првенство како стручни коментатори, а меѓу нив е и Јирген Клоп. Токму германскиот тренер беше во центарот на вниманието додека даваше изјава, бидејќи никој не очекуваше кој ќе го прекине сето тоа за да го поздрави.
Возбудувањата на Светското првенство продолжија со натпреварот на Франција и Мароко кои ја отворија четвртфиналната фаза од ова натпреварување.
Франција ја оправда улогата на фаворит и на крајот успеа да го победи Мароко со 2:0 и да се пласира во полуфиналето на Светското првенство.
Овој голем настан привлече и многу познати имиња од светот на фудбалот, и многу од нив се во улога на стручни коментатори.
Еден од нив е германскиот тренер Јирген Клоп кој беше вчера на стадионот Џилет каде даде свој коментар за натпреварот меѓу Франција и Мароко.
Тогаш сето тоа неочекувано беше прекинато бидејќи во кадарот “влета” Златан Ибрахимовиќ за да го поздрави легендарниот тренер.
Клоп се изненади кога го виде Ибрахимовиќ, а нивниот срдачен средбa можете да ја ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ.















