Клоп дозна најдобри можни вести пред клучните натпревари во Лигата на шампионите


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Само чудо може да се случи а Ливерпул да не ја освои титулата во Премиер лигата по точно 30 години од последното нивно славје.

„Црвените“ имаат 22 бода во однос на Манчестер Сити, па може да се насочат кон одбрана на титулата во Лигата на шампионите.

Во осминафиналето ќе се соочат со Атлетико Мадрид, а Јирген Клоп пред овие средби, а и пред останатите во Премиер лигата доби одлични вести.

Имено, во целосен тренажен процес се враќаат клучните играчи на тимо, Садио Мане и Џејмс Милнер.

Овој викенд Ливерпул гостува кај Норвич, а три дена подоцна ќе гостуваат на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.