Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од интересните работи кога е во прашање дуелот на Барселона и Ливерпул во полуфиналето во ЛШ ќе биде претстава на Кутињо, кој токму од „Енфилд“ пристигна како и Суарез во Барселона.
Бразилецот игра подобро во последно време, иако многумина веќе го гледаа на трансфер листата, но од оваа перспектива, Клоп донесе вистинска одлука, иако многумина сметаа дека погреши кога го продаде Кутињо?
Германецот тргна од три работи.
Првата е дека нема смисла да задржува незадоволен игра.
Втората е дека во прашање е сума која би му ги решила главните проблеми, голман и одбрана, едноставно Германецот со купувањето на Алисон и Ван Дајк, ја промени структурата на тимот, а беше во право кога истакна дека може без Кутињо.
Трето, ја спречи Барселона повторно да го нападне неговиот тим и да купи некој од клучните играчи, пред се Салах и Мане. Имено, по продажбата на Кутињо, на наговор на Клоп, директорот Едвардс вгради неверојатна клаузула во договорот, секој следен играч кој би преминал од Ливерпул во Барселона може тоа да го направи, со бонус од 120 милиони евра.
Со други зборови, сегашните фудбалери на Ливерпул се недоприливи за Каталонците. Салах би чинел со тој бонус, повеќе од 250 милиони, а слична би била цената и на Мане и Ван Дајк…
Иако, Барселона тој бонус не мора да го плати, ако Морено пристигне на „Камп Ноу“, но тој ќе биде слободен играч, на лето, пас се зборува дека токму тој за Каталинците е алтернатива за Алба.