Клоп ги потврди лошите вести: Ливерпул дефинитивно остана без еден од најважните фудбалери!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот член на Ред Бул Лајпциг, Наби Кеита се повреди во средата против Барселона, а Јирген Клоп на денешната прес-конференција потврди дека станува збор за потешка повреда.

Оваа вест за Клоп значи дека нема да може да смета на Кеита во последните два натпревари во Премиерлигата против Њукасл и Вулверхемптон.

„За жал, вестите не се добри. Според првата прогноза, Наби ќе паузира два месеци. Се радуваше на настап на Африканскот Куп на Нации, но нема да биде подготвен“, вели Клоп.

Кеита сезонава одигра 33 натпревари, а притоа успеа да постигна три погодоци и една асистенција за „црвените“, па се очекува да се врати на стартот на наредната сезона.