Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првото коло од Премиерлигата, Ливерпул успеа да слави со 4-1 против Норич на својот „Енфилд“, но победата ќе остане во сенка на повредата на првиот голман Алисон Бекер.
Алисон остана да лежи на теренот по едно исфрлање на топката и јасно беше дека не може да го продолжи мечот.
Искусниот голман денеска треба да има детални прегледи по кои ќе биде познато колку е сериозна повредата, но и колку ќе отсуствува од теренот.
Меѓутоа, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не е оптимистичен по мечот и стравува дека Алисон може да паузира долг период.
„Алисон мислеше дека нешто удрил и тоа никогаш не е добар знак. Очигледно станува збор за сериозна повреда од истегнување. Уште не знаеме за што станува збор, но за жал не изгледа добро“, вели Клоп.