Клоп го ангажира за да добие помош, но на крајот ќе остане со празни раце!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул игра под очекувањата оваа сезона, а тоа предизвика критики од навивачите, па тренерот Јирген Клоп се соочува со сериозен притисок.

Во завршницата на преодниот рок Клоп реши да го ангажира Артур Мело од Јувентус на позајмица за да добие помош во средниот ред, но сепак немаше среќа.

Бразилецот на еден од последните тренинзи се повреди и ќе мора да оди на операција поради која ќе паузира три-четири месеци.

Артур во последните недели работеше со посебен интензитет за да биде подготвен за системот на Ливерпул, но сепак уште долго нема да го гледаме на теренот, па поради тоа Клоп ќе мора да бара ново решение во јануари.