Клоп го испофали Нуњез: Треба да видите каков е на тренинг…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дарвин Нуњез летово стигна како големо засилување во нападот на Ливерпул и требаше да го замени Садио Мане, кој се пресели во Баерн Минхен, но од младиот напаѓач засега не се задоволни навивачите.

Нуњез очигледно потпадна под притисокот кој го носи Премиерлигата, а тренерот Јирген Клоп застана во неговата одбрана и кажа дека напаѓачот работи напорно и наскоро ќе заигра одлично и на натпреварите.

„Нуњез игра одлично на тренинг. Меѓутоа на натпреварите чувствува некаков притисок. Треба да се смири малку и ако продолжи вака, тогаш сè ќе биде како што треба“, вели Клоп.

Ливерпул за услугите на Нуњез плати 100 милиони евра, па сите се надеваат дека наскоро ќе блесне на теренот.