Клоп го избра најдобриот тренер во светот: Тоа го може само тој човек!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп се подготвува за заслужен одмор по крајот на сезоната со Ливерпул, а во меѓувреме зборуваше за тоа кој е најдобар тренер во светот.

Клоп се соочи со многу колеги во текот на кариерата, но смета дека најдобар е Пеп Гвардиола од Манчестер сити.

„Сите знаат за 115 тужби против Манчестер сити, но јас не знам ништо за тоа. Без огледа на тоа што ќе се случи со клубот, Пеп Гвардиола е најдобар тренер во светот. Ако ставите било кој друг стратег во тимот, нема да освои четири шампионски титули по ред“, кажа Клоп.