Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот Јирген Клоп заминува од Ливерпул на крајот на сезоната, а како негов наследник го предложи Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.
Алонсо има одлични резултати со „фармацевтите“ и е на добар пат да ја освои титулата во Бундеслигата.
„Чаби Алонсо е одличен. Тој има неверојатни резултати со Баер Леверкузен и не го кажувам ова само затоа што заминувам од Ливерпул. Истото ќе ви го кажев и пред осум недели. Ова е нова генерација на тренери, а сметам дека Чаби се издвојува“, кажа Клоп.
Ливерпул во моментов е лидер во Премиерлигата со 54 бодови, односно два повеќе од Манчестер сити.