Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ливерпул синоќа го победи Арсенал на домашен терен во дербито од 3.коло на Премиер лигата со 3:1.
Арсенал успеа да поведе со голот на Лаказет од 1:0, но домашниот тим дојде до пресврт со головите на Мане, Робертсон и Жота. Интересно беше и по натпреварот, а во центарот на вниманието беше Јирген Клоп.
Тренерот на Ливерпул слушнал дека Рој Кин коментирајќи го натпреварот изјавил дека има невешти моменти во играта на Ливерпул, а на германскиот стручњак тоа навистина не му се допаѓало.
Клоп одлучи веднаш да го искоментира легендарниот играч на Манчестер Јунајтед и да го критикува за неговите коментари на играта на „црвените“.
“Дали Кин рече дека вечерва имавме невешто издание? Сигурно гледаше друг натпревар, ништо не беше невешто. Овој натпревар беше извонреден. Фудбалот што го игравме беше навистина извонреден”, рече Клоп.
?️ "Did Mr Keane say it was a sloppy performance? Maybe he is speaking about another game…" ?
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) September 28, 2020
Jurgen Klopp v Roy Keane ? pic.twitter.com/MIw47L6N0o