Клоп: И да го запреме Халанд, што ќе правиме со останатите ѕвезди на Сити!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул на „Енфилд“ го пречекува Манчестер сити во недела во 11. коло од Премиерлигата, а двете екипи се во различна форма во домашното првенство.

Манчестер сити е доминантен и досега не знае за пораз, па го брка Арсенал на првата позиција, додека Ливерпул игра очајно и освои само 10 бодови во првите 10 натпревари.

Во одлична форма се наоѓа и норвешкиот напаѓач на „граѓаните“, Ерлинг Халанд, а тренерот Јирген Клоп зборуваше за него.

„В недела играме против Халанд. Мора да го запреме и да не му дозволиме да добива многу топки. Но дури и да го направиме тоа, што ќе правиме со останатите ѕвезди на Сити? Нè чека многу работа“, кажа Клоп.