Клоп има нов „капиталец“ – ќе купи „анонимус“ од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул нетрпеливо чекаат нови засилувања пред почетокот на сезоната, а тренерот Јирген Клоп решил да купи „непознат“ фудбалер од Серија А.

Нов член на Ливерпул најверојатно ќе стане 23-годишниот Холанѓанец Пер Шур, кој минатото лето стигна во Торино од Ајакс и ги воодушеви сите во Италија.

Неговиот договор со „биковите“ трае до јуни 2026 година, па Ливерпул ќе мора да испрати примамлива понуда за да го убеди Торино да им го продаде. Ливерпул ова лето потроши 70 милиони евра за Доминик Собошлаи, додека за Алексис Мекалистер платија 42 милиони евра.