Клоп има нов миленик меѓу фудбалерите: Не е како Меси, ама на кого му е гајле? ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул со пресврт го победи Вест хем, а тренерот Јирген Клоп по мечот беше воодушевен од еден фудбалер.

Во Ливерпул владеее алармантна состојба поради големиот број повредени играчи во одбрана, па Клоп мораше да го искористи Натаниел Филипс.

Филипс е член на тимот до 23 години на Ливерпул, но против Вест хем беше одличен. По мечот Клоп им честиташе на играчите, но поздравот со младиот дефанзивец изгледаше поинаку.

„Тој е паметен. Ги има сите потребни квалитетни. Не е како Меси, но на кого му е гајле? Непобедлив е во скок. Беше неверојатен во првиот меч“, вели Германецот.