Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја доби наградата за најдобар стратег во Премиерлигата во месец август. На германецот денеска му беше доделена наградата, поради тоа што имаше репрезентативна пауза во претходниот период.
Ливерпул под водство на германскиот предводник е единствениот тим во Премиерлигата, кој ги запиша сите победи на стартот на сезоната во англиската лига.
„Црвените“ на стартот го победија Норвич, а потоа славеа против Саутемптон, Арсенал и Барнли.
Утре се отвора петтото коло, а на „Енфилд“ гостува незгодниот Њукасл, кој нема победено на гостински терен кај Ливерпул многу одамна.
Ливерпул е фаворит и во тој меч, па се очекува да го запише и петтиот триумф по ред во Премиерлигата.