Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Ливерул и Челси овој викенд ќе се соочат во дерби пресметката од 33. коло од англиската Премиер лига.
Се уште се свежи сеќавањата од 2014 година кога Челси победи на „Енфилд“ со 2:0 во 36. коло и со тоа ги уништи соништата на Ливерпул за освојување на титулата која на крај му припадна на Манчестер Сити.
Сега, Клоп истакна дека воопшто не размислува на тој натпревар и ги замоли присутните да не зборуваат за тоа со фудбалерите на Ливерпул.
„Ни за момент не размислував за 2014 година се додека не влегов овде, додека не ме прашавте. Не треба да ги споредиме двете сезони. Немам поим како било тогаш и не сум нервозен. Само ве молам не зборувајте со моите играчи за тоа што се случило во 2014 година. Мора да бидеме позитивни. Нашите навивачи знаат дека до крајот на првенството има уште пет кола. Имам 82 бода, веројатно ќе имаме повеќе до крајот на сезоната. Не се надеваме на титулата, туку ќе направиме се што е потребно да ја освоиме“ -истакна Клоп.