Клоп: Јас во Јувентус? Тие приказни се ср*ње!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус сеуште го нема назначено новиот тренер.

Бjанконерите после пет години соработка со Маkсимилиjано Алегри одлучија да ги раскрстат своите патишта и да побараат нов тренер, а во морето од кандидати се појави името на Јiрген Клоп кој многу успешно го предводи тимот на Ливерпул.

Таквите гласини, секако, стигнаа и до самиот Клоп, но тој ги нарече – ср*ање.
„Се е јасно, Серијата А е многу добра лига, Италија е преубава земја, но шпекулациите околу моето напуштање на Ливерпул и прифаќање на понудата на Јувентус се ср*ање. Не постои ни најмала вистина во врска со тоа“, изјави Клоп, пренесуваат странските медиуми.

„Немам намера да го напуштам Ливерпул!“, јасно се надоврза тој.

Клоп е на чело на Ливерпул од 2015 година. Со овој англиски тим го освои второто место во Премиер Лигата и ќе игра финале во Лигата на Шампионите против тимот на Тотенхем.