Клоп ќе го освежи Ливерпул: Планира да потроши 30 милиони за засилување од тимот на „стршлените“?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул планира да се засили со талентираниот Исмаила Сар од екипата на Вотфорд, а медиумите на Островот веќе објавија дека преговорите почнале.

„Дејли Мејл“ пишува дека наскоро треба да биде комплетиран трансферот на фудбалерот од екипата на „стршлените“.

Тренерот Јирген Клоп сака да го освежи составот и да има повеќе алтернативи на крилните позиции затоа што долго време нема да може да смета на Мохамед Салах и Садио Мане кои ќе играат на Купот на африканските нации.

Сар сезонава во Премиерлигата одигра 12 натпревари, а притоа постигна пет гола и сега го очекува голем трансфер.