Клоп ќе полуди: Остана без уште еден фудбалер поради повреда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул се соочува со огромни проблеми затоа што тренерот Јирген Клоп остана и без услугите на Наби Кеита, кој се повреди во мечот против Лестер сити (3-0).

Шампионот во Премиерлигата го победи Лестер со 3-0, а во 53. минута се повреди Кеита, кој мораше да го напушти теренот и засега не е познато колку време ќе паузира.

Првите информации не се охрабрувачки затоа што Кеита го повредил коленото и затоа го напушти мечот. Тој, инаку, досега за Ливерпул одигра 68 натпревари и притоа постигна седум погодоци.

„Почуствува силна болка во коленото и не можеше да продолжи, но ќе направи дополнителни прегледи, по што ќе знаеме за каква повреда станува збор“, кажа Клоп.