Клоп ќе води еден тим на Ливерпул, но кој ќе го води другиот на 17. или 18. декември


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска во Англија беше потврдена историската одлука, Ливерпул ќе игра два натпревари во два дена на два континенти во средината на декември.

Имено „црвените“ на 17. декември ќе се соочат со Астон Вила во рамките од Лига Купот на Англија, а еден ден подоцна ќе играат во полуфиналето од Светското клупско првенство во Катар.

Јасно е дека клубот со два различни тима ќе игра на двата натпревари и веќе може да се насети дека првиот тим предводен од Јирген Клоп ќе патува во Катар на Светското клупско првенство.

Токму затоа се поставува прашањето кој ќе го води тимот во Карабао купот, а англиските медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека на клупата би можел да биде Алекс Инглеторп на кого би требало да му помага Џејми Карагер.

Инглеторп работи во младинските категории на клубот, додека Карагер засега нема клупска функција и работи како стручен коментатор за „Скај Спортс“.