Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да го казни голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, поради неговиот опасен старт во мечот против Ливерпул, кога го повреди Вирџил ван дајк.
Пикфорд го пвореди Ван Дајк, кој ќе мора да паузира до крајот на сезоната, а притоа не доби ниту жолт картон за време на натпреварот, но нема да добие казна ни од ФА.
Ливерпул се жалеше до ФА и сметаше дека Пикфорд мора да добие казна, но такво нешто нема да се случи и дефинитивно по оваа одлука нема да биде среќен тренерот Јирген Клоп.
ФА процени дека судијата и ВАР-собата донеле точна одлука во случајот и Пикфорд не требало да биде казнет ниту за време на натпреварот.
Тоа дефинитивно нема добро да го прифатат луѓето од Ливерпул, а посебно Клоп, кој и претходно кажа дека треба да се донесат дополнителни казни поради судиските пропусти.