Клоп: Ме изненади Фирмино со неговата одлука!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Фирмино ќе си замине од Ливерпул на крајот на сезоната, откако одби да потпише нов договор со премиерлигашот.

Тренерот Јирген Клоп пред мечот со Бормут зборуваше за ситуацијата со Бразилецот и кажа дека е изненаден од неговата одлука.

„Изненаден сум од одлуката на Фирмино. Тој се реши за вториот правец и го почитувам тоа. Во овој момент немам време за збогување, ќе имаме такво нешто на крајот на сезоната. Фирмино е посветен на екипата“, кажа Клоп.

Фирмино играше за „црвените“ во изминатите осум години, но сега смета дека е време за нов предизвик.