Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше непристојното однесување на стратегот на Челси, Франк Лампард, по нивната караница во дербито на „Енфилд“.
Ливерпул славеше на домашен терен со 5-3, а тој пораз го налути тренерот на „сините“ и по мечот удри со што стигна по Клоп.
На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои можеше да се забележи како Лампард во текот на мечот почна да вика кон Клоп, а на крајот искористи и пцовки.
Клоп не можеше повеќе да молчи и му одржа животна лекција на младиот тренер на „сините“.
„Не сме арогантни како што тој смета. Го почитувам тоа што Лампард е борбен, што има натпреварувачки дух, но за мене мечот е готов штом судијата свири крај. Тоа е нешто што тој мора да го научи. Не се држеше до тоа, но млад е, има многу време и има многу да уќи“, повтори Германецот.