Клоп му се извини на преведувачот зашто го посрамоти пред мечот против Салцбург


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Ливерпул синоќа славеше на гости кај Салцбург со 2-0 и го потврди пласманот во нокаут-фазата во Лигата на шампиони.

Тренерот Јирген Клоп беше задоволен со играта на својот тим, но по доаѓањето на прес-конференцијата реши да зборува прво за германскиот преведувач, кој го посрамоти пред мечот.

„Пред да почнеме, сакам да се извинам за вчера. Знам дека тоа беше непочит од моја страна и уште повеќе затоа што се случи во јавност. Беше глупаво, не ми се допадна начинот на кој беше преведен мојот одговор, но начинот на кој јас го решив тоа беше глупаво. Требаше да бидам подобар и жал ми е“, порача Клоп.