Клоп нема намера да поднесе оставка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марк Кошицке, агентот на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за неговата иднина и кажа дека германскиот стратег ќе остане на кормилото на премиерлигашот.

Иако во медиумите се појавија голем број шпекулации за иднината на Клоп и се зборуваше за негова оставка, сепак такво нешто нема да се случи.

Дел од навивачите не се среќни затоа што Ливерпул освои само 16 бодови од 12 натпревари и тоа е една од причините поради кои сакаат Германецот да замине.

„Можам да ве уверам сите дека Клоп нема намера да поднесе оставка. Факт е дека има проблеми, а за тоа беа свесни и сопствениците пред почетокот на сезоната. Клоп има поддршка од луѓето во управата и постојано комуницира со нив“, вели Кошицке.