Клоп никако не можеше да го избегне прашањето за германската репрезентација


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп стана еден од главните кандидати за селекторската позиција на германската репрезентација.

Германија пред неколку дена беше декласирана од Франција со 0-6, па многумина сметаат дека Јоаким Лев ќе добие отказ, а негов наследник ќе биде Клоп.

Клоп доби прашање од новинарите за таквите шпекулации, па имаше што да каже на таа тема.

„Мислам дека тоа е прашање на кое сум одговорил најмногу пати во животот. Во иднина можеби ќе бидам селектор на Германија. Сега? Не, немам време бидејќи имам интензивна работа“, вели Клоп.

Клоп кажа дека немал никакви контакти со германската федерација досега.

„Не сум сигурен дека некој ме барал, но ако не знае, имам работа во Ливерпул. Иако е лошо време, овде ми се допаѓа. Одговорен сум за многу работи и во скоро време нема да барам нова работа“, тврди Германецот.