Клоп по дебаклот на Ливерпул: Не се плашам дека ќе добијам отказ како Тухел!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул доживеа тежок пораз (1-4) на гостувањето кај Наполи во првиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Новинарите по мечот ги интересираше дали тренерот Јирген Клоп се плаши дека ќе добие отказ како неговиот сонародник Томас Тухел.

Лондонскиот тим го избрка Тухел по поразот од Динамо Загреб (0-1), но Клоп кажа дека не се плаши од идентично сценарио.

„Не се плашам, тука не е исто како во Лондон. Нашите сопственици се смирени и очекуваат јас да ја решам ситуацијата, а не некој друг“, кажа Клоп.

Клоп веќе неколку години го води премиерлигашот, а газдите му веруваа и покрај лошите резултати на почетокот.