Клоп по три меча без победа: Загрижен сум, ова е сериозна ситуација!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул во воведните три кола во Премиерлигата освои само два бода и сè уште не знае за победа, откако вчера загуби на гостувањето кај Манчестер јунајтед со 1-2.

Ова беше уште еден удар за екипата на Јирген Клоп, кој кажа дека е загрижен поради ситуацијата во клубот, но смета дека ќе ги корегираат грешките.

„Го загубивме мечот и немам многу аргументи. Можеме да играме и сакаме да се бориме. Во сабота ни следи добар натпревар и се надеваме дека ќе го пронајдеме ритамот за да победиме. Ситуацијата е загрижувачка, но сега следат подготовките за следните натпревари против Бормут и Њукасл“, кажа Клоп.

„Црвените“ беа едни од главните фаворити за титулата, но сепак имаат лош почеток и ги чека уште многу работа.