Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Денеска се појавија шпекулации дека Рома и Ливерпул се во напредни преговори за трансфер на Дејан Ловрен на „Олимпико“.
Дополнително тие шпекулации ги подгреа фактот што Јирген Клоп не го понесе хрватскиот фудбалер за натпреварот од Супер Купот на УЕФА против Челси.
Доцна вечерва, германскиот стратег ја откри вистинската причина зошто Ловрен не е со тимот и истакна дека нема идеја за евентуален негов трансфер во Рома.
„Немам идеја. Ловрен е отсутен затоа што е болен. Ќе видиме што ќе се случи генерално, не само во овој прозорец“ –истакна Клоп.