Клоп пред дербито против Арсенал: Сакаме да се плашат од нас, мора да бидеме лути и опасни!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Ливерпул од 18 часот го дочекува Арсенал во дербито на третото коло во Премиерлигата и еден од најинтересните дуели на почетокот на англиското првенство.

Двобојот на Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане од едната страна и Николас Пепе, Пјер-Емерик Обамејанг и Александра Лаказет од друга страна ветуваат многу голови.

Унај Емери пред гостувањето на „Енфилд“ кажа дека би сакал да не игра никогаш против Ливерпул, на што следуваше и коментар на Јирген Клоп.

„Да, сакаме да бидеме тим против кој никој не сака да игра. Уште не сме на висината од минатата сезона, но не треба да бидеме совршени, туку подготвени. Имавме среќа против Челси, но среќен сум поради тоа. Саутемптон беше голем предизвик. Треба да бидеме лути и опасни“, порача Клоп.