Клоп призна дека сакал да го врати Кутињо во Ливерпул, но имал огромен проблем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо вчера беше и официјално претставен како нов фудбалер на минхенски Баерн.

Кутињо во Баерн стигна на едногодишна позајмица од Барселона, а Баварците наредното лето ќе имаат шанса да го откупат неговиот договор за 120 милиони евра.

Бразилецот ја напушти Барса откако не ги исполни очекувањата, бидејќи беше под голем притисок. Кутињо во Барселона стигна на почетокот во 2018. година од Ливерпул за 160 милиони евра и со тоа стана најскап играч во историјата на овој клуб.

Но, не покажа ништо од она што се очекуваше од него, па Барса одлучи да го пушти во Баерн. За овој трансфер говореше и Клоп, кој на некој начин призна дека сакал Кутињо да се врати на Енфилд.

„Звучи малку чудно, но не можевме да си го дозволиме. Веќе ги потрошивме парите кои ги добивме за него кога замина во Барселона и не можевме да го вратиме. Тој е одличен човек и играч. Може да направи промена со само еден потег и тоа го докажа милион пати. Ако е во вистински друштво никој не може да го запре“, изјави Клоп.