Клоп пронајде засилување во Бундеслигата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул е пред титулата со предност од 25 поени над Манчестер Сити, но Јирген Клоп не остава ништо на случајноста.

Тој веќе ја започна својата потрага по засилувања, и се чини дека најде ново во Германија.

Станува збор за засилување во дефанзивната линија. Матип има проблем со повреда, додека Дејан Ловрен не е многу сигурна опција, како што се покажа многу пати.

Само најдобриот дефанзивец на светот, Вирџил Ван Дијк е сигурен, а младиот играч на Шалке, Малик Тиав, може да му прави друштво во последната линија.

Тиав има само 18 години и има еден настап во Бундеслигата. Настапува за младинскиот тим на Шалке.

Се смета за огромен потенцијал, со вредност од девет милиони евра.

Ова сигурно не е проблем за Ливерпул и од двете страни се очекува да преговараат и да го реализираат овој трансфер.