Клоп самоуверен: Следната година финалето се игра во Истанбул? Резервирајте си хотел!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул играше одлично во првото полувреме против Реал Мадрид, но не најде решение за расположениот Тибо Куртоа, по што шпанскиот гигант славеше со 1-0 со голот на Винисиус Жуниор.

Тренерот на Ливерпул, Јиргене Клоп кажа дека неговиот тим ќе биде дел и од финалето кое ќе се одигра следната година во Истанбул.

„Во нашата соблекувална никој не мисли дека ова беше одлична сезона. Ќе ни требаат неколку часа за да го разбереме тоа. Имам силно чувство дека ќе се вратиме. Имам неверојатна група играчи. Следната година финалето се игра во Истанбул? Резервирајте си хотел“, кажа Клоп.

Ливерпул ќе мора да се задоволи со два трофеи, и тоа во ФА-купот и во Лига Купот.