Клоп се изнервира поради напорниот распоред: Ова е криминал…


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ливерпул ќе одигра три натпревари во седум дена, а тоа го изнервира тренерот Јирген Клоп, кој смета дека распоредот на дуелите е ненормален.

Само три дена по враќањето од Катар од Светското клупско првенство, Ливерпул денеска ќе игра во Боксинг деј, a три дена подоцна ќе се пресмета со Вулверхемптон, додека на втори јануари ќе се пресмета со Шефилд јунајтед.

„Луѓето тоа го сакаат. Никој од нас тренерите нема проблем да се игра на 26 декември. Сепак, играње на 26, па на 28 декември е криминал. Ние играме на 29, па имаме и одмор. Можеме да зборуваме што сакаме, но никој нема да слуша“, се пожали Клоп на прес-конференцијата.

Средбата меѓу Лестер и Ливерпул се игра вечерва од 21 часот на „Кинг Пауер“.