Клоп со интересен коментар по ждрепката: Симеоне сигурно не трча по собата од среќа…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јирген Клоп ја коментираше ждрепката за осминафиналната фаза од Лигата на шампионите која се случи во текот на денешниот ден.

„Црвените“ за противник го добија тимот на Атлетико Мадрид и сигурно нема да им биде лесно да стигнат до пласман во следната фаза.

„Ждрепката е интересна. Пред ждрепката мислев дека ќе одиме во Мадрид, проти било кој од двата клуба, и ете така е. ЗНачи, навистина, навистина добар ден. Мислам дека Симеоне не трча низ дневната соба од среќа што го добил Ливепрул. Тоа ќе биде тежок натпревар. Двете екипи се навикнати да играат интензивен фудбал. Различни стилови и малку поинаква организација, секако, но двата тима се подготвени за тој интензитет и тоа натпреварот го прави прилично напорен за двата тима“ –изјави Јирген Клоп.