Клоп со совет до Лампард: Научи да се контролираш…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јавноста во Англија се уште зборува за жестоката караница меѓу Јирген Клоп и Френк Лампард за време на дуелот меѓу Ливерпул и Челси од пред два дена.

Лампард бурно реагираше кон клупата на Ливерпул употребувајќи „сочни“ зборови при еден фаул на Трент Александер Арнолд.

На ваквите зборови реагираше тренерот на „црвените“, Јирген Клоп кој сега упати совет до помладиот колега да научи да се контролира по натпреварите.

„Ние не сме арогантни. Френк очигледно беше баш во натпреварувачко расположение. Тоа многу го почитувам. За време на натпреварот може да каже што сака, но за мене, по натпреварите се е готово.

Дојде овде да земе бод или бодови за пласман во Лигата на шампионите. Она што мора да го научи е дека се завршува со последниот судиски свиреж, а тој тоа не го направи.

Не е во ред што после зборуваше за се. Френк мора да научи, има и многу време да научи зошто е млад тренер. Немам никакви проблеми за зборовите кои ги користеше за време на натпреварот“ –изјави Клоп.