Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во еден од највозбудливите натпревари сезонава, Тотенхем и Ливерпул одиграа нерешено во Лондон (2-2), а менаџерот на гостите Јирген Клоп на момент ги загуби нервите.
Клоп беше нервозен поради судијата Пол Тирни на кој му замери поради исклучувањето на Енди Робертсон поради груб прекршок и на асистенција на ВАР.
Германецот се изнервира кога забележа дека судијата добива совет од видео-технологијата, а такво нешто не се случи поради грубиот прекршок на Хари Кејн, кој во првото полувреме помина со жолт картон.
„Немам проблем со судиите, туку само со тебе“, кажа Тирни по натпреварот и тоа можеше да се слушне и за време на ТВ-преносот.
А потоа во разговор со „Скај Спортс“, Германецот кажа дека многу работи влијаеле на натпреварот, но за некои прашања е подобро да се разговара со судијата.