Клуб со славно минато после половина век остана без Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тешки денови за белгискиот великан.

Фудбалерите на Андерлехт синоќа ги испишаа најлошите страници во историјата на овој тим.

Белгискиот великан со поразот против Гент (1:2), во последното коло на Лигата на Шампионите, остана без пласман за Европските натпреварувања.

Тоа не би било ништо чудно ако ова не е прв пат во последните 56 години Европските натпреварувања да започнат без тимот од Белгија.

Последниот пат тоа се има случено во сезоната во далечата 1963/1964.

Пред почетокот на последното коло, Андерлехт и Гент имаа еднаков број на бодови и беа на делницата на петтото место, односно позицијата која води до Европските натпреварувања.

Гент после две минути игра, преку Квилитали дојде до водство а Болaси го изедначи резулатот во 74. минута од натпреварот. Сепак, само две минути покасно Давид на домашниот тим им донесе три бода и пласман во Европа.

Првак на Белгија е Генк, овој тим ќе игра во Лигата на Шампионите. Клуб Бруж исто така како второпласиран тим во квалификациите за Лигата на Шапионите Местото за во групата на Европската лига го резервираа Стандард, додека Антверпен и Гент ќе мора да играат квалификациски натпревар за ова натпреварување.